MМДЧП, Македонското меѓународно движење за човекови права, уште во 2016 година побарало од Фејсбук да не дозволи ширење на антимакедонска омраза од страна на Грци, Бугари и Албанци.
Одговорот на Фејсбук бил дека таквиот говор на социјалната мрежа „Не ги крши нивните стандарди“.

Во образложението на ММЧДП, тогаш, било укажано дека „Обединетите Нации, Европскиот Суд за Човекови Права, американскиот Стејт Департмент и уште безброј други организации за човекови права ја осудија Грција за нејзиното систематско прогонување на Македонците и побараа од неа веднаш да го признае македонско малцинство во Грција и да им ги обезбеди правата што им се гарантирани со Меѓународната конвенција за човекови права“.

Но, наместо да го игнорира антимакедонскиот говор на омраза, Фејсбук сега активно се вклучи во неа, стои во соопштението на ММДЧП и во прилог на двојните стандарди на оваа социјална мрежа го наведуваат примерот на Македонец од Сиднеј, Австралија, кој бил „блокиран“ од Фејсбук заради „кршење“ на нивните стандарди.

Станува збор за Ник Петровски, автор на страницата facebook.com/RiseUpMKD, на која имало реакции и одбрана од постојаните напади на Грци врз македонскиот етникум. Фејсбук реагирал со тридневна забрана за сајтот  на Петровски заради „кршење на нивните стандарди”.

Како е можно одбраната на едно од најосновните човекови права, самоопределувањето, да е против стандардите на Фејсбук, прашуваат од ММДЧП и велатѕ дека очекуваат извинување од Фејсбус со апел Македонците во светот да реагираат до Фејсбук и да ги користат хаш-таговите, #НашетоИмеЕМакедонија, #НиеСмеМакедонија и тагот @ммдчп.