Македонци од Канада и САД жртви на ДБК/УБК со тужба за „Сорос“

„Комитетот за демократизација на Македонија“ со седиште во Канада бара адвокат Македонец  кој на волонтерска основа би водел судска постапка против фондацијата Сорос.

Овој комитет чиј претставник е Јордан Петровски преку социјалните мрежи најавува дека поседува непобитни докази дека фондацијата Сорос во Македонија соработувала со Службата за државна безбедност, сегашната Управа за безбедност и контраразузнавање за следење на Македонци со Американско државјанство.

Според Петровски комитетот нема пари сам да финансира  ваков тежок процес пред американските судови и затоа бара адвокат Македонец од САД која што ќе води спор пред американските судови а со оглед на непобитните докази за тоа ќе наплати провизија од добиената оштета.

Петровски вели дека се работи за следење на американски државјани за што Сорос ќе треба да плати голема парична оштета.

SHARE