„Не е точно дека постои вовлекување на Република Македонија во НАТО. Ова едноставно не е точно. Уште од 1991 година, по распадот на Југославија, Република Македонија ги формулираше своите стратешки цели – членство во НАТО и во ЕУ. Но, поради проблемите што ги имаме со една земја-членка на овие сојузи, нашето пристапување кон нив, што требаше да случи пред многу години, се одложи во времето и тоа трае веќе 27 години“, изјави денеска за бугарската агенција БГНЕС првиот министер за односи со странство на Македонија по осамостојувањето Денко Малески.

„Ова е процес за членство во НАТО кој има целосен консензус и политички консензус меѓу сите политички партии во Република Македонија“, вели професор Малески и додава дека во никој случај не треба да се мисли дека нешто е измислено поради сегашните односи меѓу Русија и Запад. Но, зголемените тензии меѓу нив придонесуваат за таква реторика, смета Малески.

„Според мое мислење, ова нема да ја спречи Република Македонија да го следи патот што го зацртала. Уште повеќе, оваа конфронтација може да доведе до зголемување на притисокот на Западот врз Грција за усвојување на компромисно решение кое ќе и овозможи на Македонија да се приклучи на Северноатлантскиот пакт“, вели Малески.

Тој додава дека Русија користи реторика својствена за студената војна, но, според него, нема некој посебен интерес на Русија во Македонија.

„Логиката на Студената војна беше: ако можете нешто да му расипете на вашиот непријател, тоа е за ваша корист. Ова е вистина и денес – ако може да се расипат плановите на Западен Балкан да влезе во НАТО, тоа е во корист на Русија“, вели Малески.

Тој се надева таквиот притисок само ќе го забрза процесот на донесување одлуки и да ги наведе западните сојузници да ѝ помогнат на Македонија да го надмине овој проблем и да стане членка на НАТО, вели Малески за БГНЕС.

Денеска, руското Министерство за надворешни работи ја предупреди Македонија за последиците од зачленувањето во НАТО. 

 

2 Коментари

  1. Димитров да научи разлика меѓу Дражава и Регионот

    Димитров рече: ,,Не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша, бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави”

    1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт.

    2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници.

    3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија.

    Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција), туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.

    Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејки менување државни имиња не влиае врз историјската интерпретацијата, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една држава нема монопол на толкувањето на историјските движења. (Тоа е, мегу друго, јасно и од гледна точка дека секој може произволно да земе кој било период од историјата и да дава своето толкување. Историчарите направееа голема штета за проблемот со името што се обиделе да поврзат историјата со името (тие се категоријално различни сфери)).
    (Покрај другото ние сме Република Македонија, а Република никгаш не постоела (за Македонија во древна, па и современата историја (те. до денес)).

  2. Малески е еден од иницијаторите на евро-атланската интеграција на РМ, така што повеќе од јасно е зошто сака Македонија да влезе во овие злосторнички меѓународни организации, кои од Македонците бараат да си извршат „доброволен самоетноцид“ и зошто се обидува да создаде јаз помеѓу Македонија и Руската Федерација!

    Токму затоа јавно се спротиставувам на политиката на Владата на РМ, која е злосторничка и криминална.

    За криминалот на Владата на РМ самата ЕУ и НАТО отворија Специјално јавно обвинителство, но за жал за злосторството, кое Владата го врши врз Македонците се` уште не е покренат Трибунал за злосторства.

    Владата на РМ спроведува Фазен културен геноцид врз Македонците и врз Македонија, а Малески е еден од идеолозите на тој злосторнички процес.

Comments are closed.