Малку им се земјотреси Охриѓани сега во страв и од вулкан (видео)

Неколкуте изјави на локални еколози и извештаи на локални медиуми предизвикаа нова паника во Охридско.

Откако по постојаното тресење на земјава во овој регион од завчера почнала поголема активноста на локацијата позната како „Вулканот во Косел“ меѓу Охриѓани сега се шират информации дека причините за земјотресите е зголемената активност на таканарешениот вулкан во Косев или пак дека поради земјотресот има зголемени активност во Косев кои што можат да предизвикаат катастрофа.

Според сите досегашни истражувања на домашни и странски експерти за вулканологија локацијата во Косел каде што може да се забележи чуден мирис и каде што под влијание на отровни гасови од неколкуте дупки во земјата умираат животни, нема никаква опасност од ерупција особено не на вулканска лава.

Дел од Охриѓани сепак се загрижени дека новите дупки во Косел од кои има засилен чад се најава дека на охридско му се заканува катастрофа.