МАНУ против непреведено име ерга омнес и промена на Уставот

По лавината реакции и прозивки од јавноста, Македонска академија на науки и уметности (МАНУ) на својата денешна годишна конференција конечно излезе со конкретен став околу актуелните политички прашања во државата – разговорите со Грција за разликата околу името и Законот за употреба на јазиците.

Во врска со името МАНУ доставила до Владата сопствена платформа, од која обелодени пет точки: Македонија мора да гради добрососедски и пријателски односи со Грција, но спорот е билатерален и тоа само за името на државата и никој нема право да преговара за идентитетските прашања и за промена на Уставот, а не е прифатлива ниту непреведена географска одредница и решение за севкупна употреба.

„Барањата името Република Македонија или евентуално име со географска одредница да се изговара како во македонскиот јазик и да се пишува само со латинско писмо, односно името на јазикот македонски исто така да се пишува со латинско писмо и да се изговара како што тоа се прави во нашата земја, се апсурдни и неодржливи. Прифаќањето решение ерга омнес, односно едно име и за внатрешна и за меѓународна употреба, би значело промена на Уставот на Република Македонија, промена на имињата на нашите институции, ревизија на сите меѓународни договори, билатерални и мултилатерални, во кои се користи уставното име на земјата итн. Ваквото решение фактички е невозможно и неостварливо“, рече претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, во својот говор.

Во однос на Законот за јазици, пак, ставот на Академијата е дека е потребно унапредување на јазичните права на етничките заедници, но притоа мора да се почитуваат Уставот и законите, а најмалку се потребни испекторати и казни.

„За тоа дали е донесен во нормална или во ненормална атмосфера Академијата нема да суди, бидејќи за тоа ќе се изјасни Уставниот суд. Меѓутоа, ние апелираме дека треба да се направи сè за да не се отстапи, да речеме, од Деловникот, од процедурата на носење закони, бидејќи тоа може само да направи проблем. Македонскиот јазик како јазик на мнозинската заедница има интегративна функција и треба да се внимава на тоа. Наше мислење е дека не може да се гради мултикултурно и мултиетничко општество и да се спроведуваат закони со оние мерки со кои што, меѓу другото, во Законот беа предложени, како инспекторати, контроли итн.“, им изјави Фити на новинарите.

За Законот за јазици се произнесе и академик Катица Ќулавкова.

„Новиот закон, кој сè уште е во процедура, односно не е верификуван, го ревидира статусот на македонскиот јазик и предизвикува ситуации во кои што ќе биде загрозено и правото и должноста на секој македонски граѓанин, независно од етничкото потекло, да го употребува“, рече таа од говорницата.

 

3 Коментари

  1. Покрај човековите колективни права, постојат и следните категорији-области права: 1. Права на ДРЖАВИ; 2. Права на земји КАНДАДИАТИ за ЧЛЕНСТВОТО во ООН; 3. ПРАВА НА ДРЖАВА ЧЛЕНКА на ООН. Токму за овие последните три категории права станува збор

    Од почеток на проблемот со името во ООН 1993. г., политички тела на ООН не разбрале дека не се само работи за „државно име”, туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура. Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕПОСТОЈИ! Ова димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ! Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механзам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава!
    При приемот на наша земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ОН.
    Овие услови се: 1 Обврска за носење деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија; 2 Преговорите за името (сопстен правен идентитет) со друга држава.
    Според судскиот став на Меѓународен суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ.
    Според Судот (МСП) услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), односно според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, е искажан ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.

    По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелеганите дополнителни услови, јас сум предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поагајки од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), јас покажав дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “).

    Вториот модел е правната варијанта во која предлагам еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “, и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

    Да потсетам, државите, според мегународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јуридикција на секоја држава. Секоја држава, според мегународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотугиво и суверено право. Што се однесува до толкувањето на историјата, ниту една држава нема монопол при интерпретацијата на историиските факти и движења. Државното име, како такво, не влиае на историската интерпретација.
    Грчкото обвинение, дека името е поврзано со иредентизмот и територијалните аспирации, исто така е неосновано според мегународното право. Во мегународнто право познато е дека менувањето на државните имиња не влиае врз територијалните права на својата држава, како ни врз територијалните обврски на другите држави. Оттаму и ова обвинение на Грција за загрозувањето на некое нивно право или за територијално загрозување нема никаква правна основа. Промена на државното име, како и други државни симболи кои се во строгата внатрешна надлежност секоја држава, според мегународното право, неможе да биде толкувано како иредентизам или територијани аспирации.

    Проблемот не е БЕЗБЕДНОСЕН, како што лаички се мисли во Македонија, бидејки за безбедносни прашања Генесек редовно поднесува извешати до ООН. Сега ако ги прекинеме преговори за името, Нимиц може само да поднесе извештај до Генесек, а овој може а и немора да се пожали до Советот за безбедност. Но Советот за безбедност неможе донесе каква било резолуција со која би оневозможил акција во Генералното собрание на ООН или Мегинародниот суд за правдa.Советот при овој процес не може да донесе обврзувачка резолуција.
    Општото правило дека една безбедносната резолуција при нејзино „поништување“ или тнр. „дерогирање“ мора да биде заменета со другата безбедносната резолуција (пр. Рез. 817 со некоја друга) не важи за приемните резолуции на Советот за безбедност во ООН, посебно ако не се спомнува Глава VII од Повелбата или повикување на мерки воведени со „цел зачувување на мирот и безбеност”, а ово не е случај ниту со Резолуцијата 817, ниту со Резолуцијата 845 на Советот. Овие две резолуции не се „безбедносни“ акти и проблемот не е „заклучан“ во Советот за безбедност.
    (Доколку пример Резолуцијата на Советот беше од „безбедносен“ карактер Македонија не би ни можела да се зачлени во ООН. Ова важи и за секоја држава која аплицира за членстово во ООН односно Приемните резолуции не смеаат да содржат безбедносните елементи или да имаат „безбедносен“ карактер. Односно Македонија ниту, имала, ниту има активен спор со ниту една држава членка на ООН).
    Битно е да се знае дека правен принцип на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ (JUS COGENS), не се однесува само на народи и не е само колективното право, туку ДРЖАВНО ПРАВО те. меѓународно право на државата. (Покрај човековите колективни права, постојат и следните категорији-области права: 1. Права на ДРЖАВИ; 2. Права на земји КАНДАДИАТИ за ЧЛЕНСТВОТО во ООН; 3. ПРАВА НА ДРЖАВА ЧЛЕНКА на ООН. Токму за овие последните три категории права станува збор.).

  2. Битни се следните шест принципи во Меѓународното право кои се недоволно познати (па и во МАНУ)

    Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејќи менување државни имиња не влијае врз историската интерпретацијата, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една држава нема монопол на толкувањето на историските движења. Тоа е, меѓу друго, јасно и од гледна точка дека секој може произволно да земе кој било период од историјата и да дава своето толкување. Историчарите направеа голема штета за тнр. “проблемот со името” со тоа што се обиделе да поврзат историјата со името (тие се категоријално различни сфери).

    Битни се следните 6 принципи во Меѓународното право:
    1. Државите немаат ексклузивни права на државни имиња. (РМ е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на гео. регионот)
    2. Менување државни имиња не влијае на територијалните права и обврски на своја, како и на туѓа држава. Ниту овие менувања може да се толкуваат како територијални претензии или иредентизам.
    3. За Правниот идентитет (ИМЕТО), како елемент од меѓународно правниот субјективитет не е релевантен претходниот историјат или потекло на народот, како ни физички и популациски карактеристики на територијата.
    4. Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат. Не може во ова суверено право да се врши легално интерферирање од ОН или членка, ниту непризнавањето од една држава да се толкува како Спор или Разлика (поблага форма на спор во дипломат. жаргон).
    Во случај со Македонскиот прием во ОН направена е ЗАМЕНА на тези и едно непризнавање е преформулирано како РАЗЛИКА или Спор. Иначе, ваков спор во Меѓународниот суд не би бил прифатен, туку отфрлен, па Совет за Безбедност беше згодна инстанца за да се не-признавањето формулира и подигне на ниво на СПОР. (Модел: УНИВЕРЗАЛНО НЕПРИЗНАВАЊЕ)
    Од фактот дека државно-правниот идентитет (те. Името) е правна категорија која е есенцијален елемент на правната личност, ова е супстанцијалан елемент на државноста (со суверена власт, територија и популација), произлегува дека ОН органи во Македонскиот пријем пречекориле своите овластувањата.
    Елементите на ДРЖАВНОСТ во меѓународното право се: 1. Суверена Власт; 2. Територија; 3. Популација односно народ, под јурисдикција. Елемент Суверена Власт вклучува и ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ, а овој како основен елемент содржи ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ односно ИМЕТО (ПАРВНИОТ ИДЕНТИТЕТ=ИМЕТО).
    Заклучок е дека таквите преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ. Спор е замена на теза. Постоји само не признавањето од една држава.
    (Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.) Историјски својатања не можат да бидат предмет на спорот.
    5. Битен принцип е и дека Државното име не може да се: откраде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од ОН) или да се преформулира. Исто така, од овој принцип произлегува дека државното име не може да биде предмет на (лимитирани/конечни или бесконечни) преговори, ниту на други начин да се проблематизира ваков идентитет од надвор, задирајки во строгата внатрешна јурисдикција.
    6. Право на поседувањето на Правен Идентитет на Државата и самоопределување на истиот е JUS COGENS норма (те. норма над диспозитивинот дел од правото). Правен Идентитет на Државата е и внатрешна УСТАВНА ПРАВНА КАТЕГОРИЈА. Ово JUS COGENS право не е предмет на какво било надворешно уредување или мешање!
    Формулацијата во ОН Резолуцијата 817 или 845 на СБ дека двете држави ке разговараат или преговараат за ДРЖАВНО ИМЕ е флагрантно кршење на Повелбата на ООН.

    Заклучок: ГРЦИТЕ НЕМААТ ЛЕГИТИМНИ БАРАЊА ВО ТНР. „СПОР” ИЛИ ТНР. „РАЗЛИКА”. НИТУ ЕДНО НИВНО ПРАВО НЕ СЕ ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ, ОДНОСНО НЕ ПОСТОЈАТ ПРАВНИ ОСНОВИ ЗА НИВНИТЕ БАРАЊА.

    • НАШЕ ИМЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД РЕГИОНОТ?
      Димитров да научи разлика меѓу Дражава и Регионот
      Димитров рече: ,,Не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша, бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави”
      1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт.
      2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници.
      3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија.
      Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција), туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.
      Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејки менување државни имиња не влиае врз историјската интерпретацијата, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една држава нема монопол на толкувањето на историјските движења. (Тоа е, мегу друго, јасно и од гледна точка дека секој може произволно да земе кој било период од историјата и да дава своето толкување. Историчарите направееа голема штета за проблемот со името што се обиделе да поврзат историјата со името (тие се различни сфери)).

Comments are closed.