Манчестер Јунајтед е победник во второто клупско европско натпреварување и ќе игра во август во Скопје. Црвените Ѓаволи вечерва на Френдс стадионот во Солна го победиja Ајакс со 2-0 на начин толку типичен за нив сезонава и уште повеќе за тренерот Жозе Мурињо. Не многу отворено, внимателно, а со самото тоа ниту атрактивно во сите 90 минути, со малку шанси и два случајни гола во мрежата на Холанѓаните. Ги постигнаа Погба во 18. и Мхтарјан во 48. минута по што Ајакс во продолжението имаше посед и контрола, но немаше многу шанси за изедначување.

Ова е прва победа за поранешниот троен Европски клупски првак, во Лига Европа, по што ќе биде дел од Супер купот што во август се игра во Скопје, а се стекна и со право за настап во Лигата на шампионите за следната сезона.

SHARE