Светскиот рекет број 1 и прв носител на вториот Гренд Слем во сезоната одново не воодушеви со настапот на Ролан Гарос, но мина во следната рунда, а тоа за индиспонираниот, според сопствено кажување, Шкотланѓанец е најважно. Ривал на Мареј денеска во Булоњската шума беше Мартин Клижан кој успеа да го освои првиот сет, а потоа да загуби три во низа.
Од останатите мечеви за издвојување се тешкиот пораз на Томаш Бердих од Русинот Карен Качанов (0-3) и елиминацијата на Ежени Бушар која беше совладата од Анастасија Севастова од Летонија со 2-0.

SHARE