Мартин Анастасовски за грчкиот националистички мит (Дел 2)

   

Дипломецот на американскиот универзитет Монклер во студија за односите меѓу Македонија и Грција под наслов “ТЕСНИОТ ГРЧКИ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ПОГЛЕД НА МИНАТОТО ГО ПАДНА ИСПИТОТ НА СЕГАШНОСТА” објаснува дел од прашањата кои што досега македонската наука и медиумите не ги покренале како релевантни.

Во првиот дел од пошироката анализа тој пишува за грчката историја како упориште на современите позиции за името.

Пишува: Мартин Анастасовски

Именување и преименување

Оваа мала потрага ќе ја започнам со отварање на поглед во брзоплетиот проект на грчкото државотворење од зачетокот на грчката држава. Само еден мал детаљ ни открива дека Хеленската гордост на модерната грчка нација била наметната врз дисконтинуитетот на културната традиција чија светост таа навидум ја одржува. Со други зборови, тврдењата за временоско и просторно поседништво на земјата и историјата од страна на денешните Грци било можно само преку бришење и фрлање во заборав на претходните култури и традиции кои постоеле зад денешните граници на оваа држава.

Доказ во случајот е споменикот наречен Гроб на Непознатиот Војник кој се наоѓа веднаш до зградата на грчкото Народно Собрание, пред кое десетици илјади Грци се насобраа за време на протестот (4 февруари) за зачувување на грчкиот карактер на Македонија. Во изградбата на споменикот, од 1930-32, архитектите на грчката држава сакале во ѕидовите да бидат врежани местата каде што грчката војска ги војувала за неа историските битки, вклучувајќи ја и војната во Кореја (под знамето на ОН).

Сепак, повеќето од градовите и селата каде што војувала грчката војска биле во Грција или на Балканот, па така на споменикот се наоѓа детаљ кој штрчи. Имено, некои од градовите и селата на ѕидот се врежани со нивните првобитни топоними, за истите тие подоцна да бидат заменеи со грчки имиња, со цел да се зајакне гркството на новодобиените територии. Постои некоја чудна врска помеѓу грчката држава и менувањето на имиња.

Па така на ѕидот се нашле имињата на села во Северна Грција што во паметењето на соседниот народ се познати како Баница (на ѕидот ΜΠΑΝΙΤΣΑ) кое на грчки се нарекува Карие и Символи; селото Пецово (ΠΕΤΣΟΒΟ); топонимот Островон (ΟΣΤΡΟΒΟΝ)(2) близу границата со Република Македонија, кое денес се вика Арниса; топонимот запишан како ΣΟΡΟΒΙΤΣ денес е заведен како Аминтео, а селото порано се викало Суровичево и во XV век било населено од 700 македонци, 35 турци и 30 роми.

Очигледно е дека во грчкиот државотворен проект се покажуваат непостојаностите: местата што некогаш биле населени од македонци, албанци, турци, власи, роми и бугари ги задржале своите првобитни, во главно македонски топоними, но последователно тие биле грцизирани. И интересно е тоа зошто државата не ги отстранила овие блокови, доколку тоа било технички возможно, за да ги замени со сегашните топоними и со тоа да ја покрие дупката во националниот наратив (3), но најверојатно тоа и не е толку битно кога истата држава располага со она што за нас е „спорот за името“ зад кој стои со сета нејзина дипломатска тежина.

Продолжува