Марјан Цветковски со нов мандат за директор на МРТ

Управниот одбор на Македонската радио-телевизија на одржаната седница за извршен директор повторно го избра актуелниот директот Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава. Тој функцијата генерален директор ја извршува во 2 мандата од 2012 година. Мандатот на старо-новиот директор и заменик-директор на МРТ ќе трае три години со можност за реизбор.