Трагедија во „Ѓорче Петров“, ги убил брат му и двајца внуци и се самоубил

Нарушени семејни односи е причината за тројното убиство што денеска на празникот Рамазан Бајрам се случило во скопската населба Ѓорче Петров.

„Според првичните информации од истрагата, причина за немилиот настан се најверојатно семејни недоразбирања. Сторителот, тројцата жртви и повредениот се членови на едно исто семејство.“ изјави Ивица Илиевски, портпарол на МВР

Трагедијата се случила околу 10 часот кога Шабан Сулејмани од селото Глумово дошол на гости кај своите синови во скопската населба „Ѓорче Петров 2“.

Според сведоци на инцидентот , Сулејмани отишол на гости во населбата „Ѓорче Петров“ на улицата „Панајот Гиновски“ каде живееле неговите синови каде што се сретнал со децата од неговиот брат, Мумин, Аријан и Бари, кои биле во придружба на нивните деца Неби и Зуљфикли.

По вербална расправија Сулејмани започнал да пука кон нив при што внуците Мумин и Аријан биле убиени на лице место а Бари бил погоден и со прострелни рани во стомакот бил однесен во Ургентниот центар во Скопје.

Откако го извршил грозоморниот чин, Сулејмани тргнал на пат кон селото Глумово но по пат го убил и брат му Абдул.

Откако роднини на Шабан Сулејмани неуспешно се обиделе да го натераат да се предаде на полицијата, тој пред неговата куќа си го одзел живтотот.

 

SHARE