Руиз Хантингтонг (30) и Џејсон Статам (49) станаа родители, а гордата мајка добрата вест ја објави на својот профил на Инстаграм.

“Нашиот мал човек пристигна” напиша преубавиот модел и додаде дека синот кој е роден на 24 јуни ќе го носи името Џек Статам.
Руиз  веста за својата бременоста претходно ја објави на социјалните мрежи со слика на плажа позирајќи во бикини, а во преден план беше нејзиниот стомак.

“Многу сум среќнa што можам да ја споделам со вас оваа добра вест. Џејсон и јас ќе станеме родители” објави тогаш познатиот модел.
Познатата двојка се забавуваше пет години и во јануари минатата година актерот познат по многу акциони улоги и најмногу по филмот Механичарот и предложи брак на неговата девојка со дијамантски прстен од пет карати, за кој Џејсон плати дури 350 илјади долари. Двојката брзо потоа се венча на одмор на Тајланд.