Loading...

Неколку дена пред митингот во Атина против зборот „Македонија“ во името на северниот сосед на Грција, грчкиот моден дизајнер Ласкарис ја претстави во Париз својата колекција „пролет-лето 2018“, насловена „Олимпија, жената зад Александар Велики“, во рамките на париската модна недела.

„Олимпија беше многу посебна жена, со безвременски спектар на шарм. Првично ме инспирираше со нејзиниот патувачки живот. Таа имала лична моќ и гламур и кога Филип бил отсутен, ѝ ја предавал власта во Македонија. Таа била жена со огромни резерви на моќ. Жена која ги променила настаните со своето присуство и била задолжена да го подигне овој голем човек. Да бидам искрен, таа ме потсетува на многу дами облечени во мојата модна куќа, одлични жени, успешни и динамични, кои стојат зад силни мажи. Верувам дека зад моќен човек отсекогаш стоела динамична, интелигентна и разновидна жена, која дискретно го турка и го поддржува. Зошто да не?“, објасни Ласкарис од каде инспирацијата од мајката на Александар Македонски и сопруга на Филип Втори Македонски.