МВР и амбасадата на САД на вежба за координација

Утре припадниците на МВР ќе одржат заедничка вежба за итна реакција со амбасадата на САД во Скопје.

„Вежбовните активности ќе се одржат во кругот на амбасадата. Ги известуваме граѓаните дека може да се слушнат сирени за итни случаи и аларми, како дел од сценариото. Вежбовните активности ќе вклучат наизменично затворање на улиците и пренасочување на сообраќајот во близината на амбасадата на САД во текот на утрото. Заедничката вежба ќе им овозможи на МВР и на Амбасадата на САД поефикасно да ги координираат активностите во случај на вонредна состојба“, стои во известувањето од МВР.

1 Коментар

Comments are closed.