Македонската кошаркарска федерација го објави списокот на 24 играчи кои ќе му бидат на располагање на селекторот Јорданчо Давитков за августовските претквалификациски средби за СП против Косово и Естонија. Изненадување е отсуството на Дамјан Стојановски и присуството на списокот на Бо Меккејлеб, Ѓорѓи Чековски и Перо Антиќ што објективно е тешко остварливо ако се знае дека тие до сега многу пати рекле дека со репрезенатцијата завршиле. Покрај нив тука се: Војдан Стојановски, Марковски, Трајковски, Костоски, Симоновски, Николовски, Крстевски,  Јанески, Ѓуроски,  Пенов, Брчков, Димитријевиќ, Стајиќ, Младеновски, Николов,  Мекиќ,  Штерјов, Пајиќ, Маслинко, Митев и новиот амерканец Џордан Теодор. Подготовките треба да започна утре во Скопје.

Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра во група со Косово и Естонија од 2. до 19 август, а првите две селекции одат во квалификациите.

SHARE