Додека американскиот претседател Доналд Трамп по кусиот престој го напушти Пекинг да учествува на Самитот на АПЕК во Виетнам, првата дама Меланија остана во главниот град на Кина. Таа сака да ги види и да ги посети пандите во зоолошката градина и Кинескиот ѕид.

Во Зоолошката градина Паук, Меланија Трамп ги хранеше големите панди Жу Жу, и се запозна со нивниот живот и тренирањето на животните.

Меланија средечно им отпоздрави на групата деца кои вееле кинески и американски знамиња, и поделила плишани играчки, а потоа следел и настап на децата кои изведувале кинески народни песни.

„Ви благодарам многу“ не ја криеше Меланија Трамп одушевеноста од целиот настан. Првата американска дама потоа замина во посета на Кинескиот ѕид.

Оставете коментар