Мелани Браун (42) за прв пат се појави во судницата во парница против, сега е веќе извесно, поранешниот сопруг Стивен Белафонте (42). Членката на Спајс Грлс поднесе барање за развод, тврдејќи дека нејзиниот маж физички и психички ја малтретирал.

И се би течело според вообачаениот тек ако адвокатот на Белафонте не побара од Мелани Браун да му плаќа привремена алиментација, бидејќи тој е невработен.

Но, правниот тим на Мел Б тврди дека пејачката е “шворц”, бидејќи таа живеела со Белафонте “екстравагантен” живот, па поради тоа тие не можеле да го платат данокот на крајот на годината.

Мел е меѓународна ѕвезда и се уште заработува и како “Спајс девојка”. Мел Б е сопственик и на неколку деловини компании, а од “America Got Talent” заработува 220.000 долари месечно. Се проценува дека Мелани Би тежи околу 50 $ милиони.

SHARE