Мелатонинoт е хормон кои е присутeн во организмoт на сите живи суштества. Тој се произведува од пинеалоцитите (вид клетки) во епифизата (се наоѓа во мозокот), а исто така и од ретината, и гастро интестиналниот тракт. Мелатонинот е основен регулатор на циклични ритам на човечкото тело. Неговата природна биолошка достапност за подолг временски период (5-6 часа) за време на ноќта го одредува и ефектот на цикличниот систем на биолошките ритми. Се лачи во пинеалната жлезда.

Неговата застапеност во различни фази од деноноќието се менува, преку дразби на оптичкиот нерв и соодветни одговори на епифизата.

Се претпоставува дека мелатонинот е и еден од најмоќните, познати досега антиоксиданси, кои дејствуваат како анти канцер, противстареечки, а ја забавува и апоптозата.

Истражувањата покажуваат дека овој хормон им помага на луѓето да спијат, го намалува бројот на будења во текот на ноќта и го подобрува квалитетот на спиењето. Доволна количина на мелатонин резултира со позитивно расположение и подобрени психолошки способности. Додека недостатокот на мелатонин резултира со вознемиреност, замор и непријатно расположение.

Освен во форма на лекарства има и помошни конзумации:

-Сок од цреши е природен извор на мелатонин-хормон кој го контролира сонот и поспаноста.

-Се смета дека чајот од камилица е еден вид на замена на мелатонинот и тој помага во циклусот за спиење.

-Мелатонинот ја одржува рамнотежата и навиките на спиење, и ментален мир. Бидејќи одморот и добриот сон се најдобрите сојузници во борба против стареењето, научниците откриле дека мелатонинот го чува и младешкиот изглед. Природното излачуање со текот на годините се намалува и се претпоставува дека тоа е причина, старите помалку спијат од младите.