Меркел по четврти пат германски канцелар

Германската канцеларка Ангела Меркел беше избрана од Бундестагот за да ја предводи четвртата влада на најмоќната економија во Европа.

Пратениците од германскиот парламент гласаа со 364 „за“ и 315 притив изворот на Меркел. Канцеларката официјално ќе биде назначена од претседателот Френк-Волтер Штајнмаер откако денес ќе положи заклетва, јави АФП.