Меркел ќе продолжела да го охрабрува Скопје за договор со Атина

Loading...

Грчката канцеларка Ангела Меркел денеска се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на неформалниот состанок на лидерите на Европска унија во Брисел, при што во кусиот разговор станало збор и за спорот со Македонија за името.

„Според извори во Владата на Грција, разговорите се фокусираа на заклучоците од посетата на премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, на Германија. Изворите велат дека Меркел продолжува да ја охрабрува Владата во Скопје да работи во насока на изнаоѓање решение“, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

Ципрас од своја страна ја повторил определбата на неговата Влада за наоѓање одржливо, стабилно и заемно прифатливо решение за едно име за сите употреби (ерга омнес).

Разговорите меѓу Ципрас и Меркел ќе продолжат и на заедничкиот состанок со претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер, како и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

За проблемот на неговата земја со името на северниот сосед грчкиот премиер ќе разговарал и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини.