Мерсел Биљали: Владата на Груевски вештачки го наметна идентитетот во спорот за името

Loading...

Прашањето за идентитетот во минатото не беше тема на разговори меѓу Македонија и Грција, ниту пак во некои од меѓународните документи воопшто тој се доведува во прашање.
Идентитеските барања на Грција се испровоцирани од минатата влада, вели професорот Мерсел Биљали за ТВ21. Според него владата на Груевски вештачки го наметнала ова прашање, за да добие политички поени.

-Не се споменува идентитет во никој од меѓународните документи, тој произлезе од дневната политика на минатата власт, рече Биљали.

Биљали верува дека ова е вистинска можност да се постигне решение за прашањето за името, што долго време го блокира македонскиот евроатлантски пат, а ако тоа не се случи може да дојде до нарушување на мирот и безбедноста на земјата и регионот, а Европа е свесна за тоа.