Местенка во Бугарија, спречено слично сценарио во Шведска

По пријава од Бугарската фудбалска федерација и од УЕФА полицијата во нашиот источен сосед започнала истрага за мечот од тамошната Втора лига меѓу Славија и Монтана кој звршил со 3-4, а во светските, особено во интернет обложувалниците имало огромна сума уплатена на седум плус.

Бугарското МВР веќе започнало со распит на дел од играчите, тренерите и раководствата на клубовите, но признава дека за сега нема ништо конкретно. Истрагата ќе продолжи.

Во меѓувреме одложен е и меч од Шведската лига меѓу Гетеборг и АИК. Причина е пријавата од играч на гостите кој се пожалил дека група опасни луѓе барале од него да игра слабо и да греши со цел домаќинот да победи. Шведската фудбалска федерација го одложи дуелот што требаше да се игра денеска и го предаде случајот на полицијата.

SHARE