Македонскиот претставник во СЕХА лигата загуби во Словенија со 34-25 што е највисок пораз, со оној од Вардар на почетокот од сезоната (32-23), но овој пат потполно потфрли одбраната која сезонава најчесто не дозволуваше толку голови. Впрочем Цеље му даде на Металург најмногу голови во досегашниот дел од сезоната, а станува збор за 19 меча во двете големи натпреварувања, ЛШ и СЕХА.
Металург беше во негатива од рано. Од 4-0 преку 14-9, во првото полувреме до конечните минус девет, иако треба да се истакне дека составот од Автокоманда имаше извонреден почеток на вториот дел кога со серија од 6-1 дојде до нерешените 16-16. Но тука некаде се потрошија силите и Словенците „нагазија“, се одлепија и потоа убедливо славеа.
Јагањац со 8 и Пешевски со 7 гола беа најефикасни кај нас, а Кодрин со 10 најдобар во мечот.

Оставете коментар