Ракометарите на македонскиот вицепрвак го победи во Скопје Брест Мешков со 37-33 и дојде до шестата победа во 16. коло од регионалната лига. Металург ја искористи слабоста односно некомплетноста на гостите и успеа да скокне на табелата од седмото на шестото место.

Металург прво долго само одолеваше и се спасуваше кога Белорусите водеа со 12-8 и до полувремето успеа да изедначи на 17-17. Во вторите 30 минути во Борис Трајковски долго беше нерешено, а клучни беа последните 15 минути кога сините прво се одлепија на два разлика кои потоа растеа на 3.4.5 до највисоките 6 разлика.

Најдобри поединци во составот на Металург беа Филип Кузмановски кој го предводеше нападот со 10 гола, Халил Јагањац постигна осум, а Мартин Велковски, Жарко Пешевски и Вања Илиќ завршија со по пет гола. Во претпоследно коло од регуларниот дел на сезоната во СЕХА лигата, Металург на 14 март му гостува на Татран Прешов.