Ракометарите на нашиот вицепрвак загубија од Монпеље на домашен терен, по што само теорија или „луд“ развој на настаните во групат Д би им овозможил учество во напредната фаза, а таа е елиминациска. Металург е поразен од Французите со 27-21 иако треба да се истакне дека во 50 минута беше само 22-21 и сините имаа напад. Тој не е реализиран, а потоа веќе шанса за приклучок немаше.
Ова е четврти пораз во ова издание од ракометната ЛШ, во него Жарко Пешевски, Божо Анѓелиќ и Халил Јагањац дадоа по 5 гола, а по истиот Металург остана на пет бода во четвртиот состав. Тоа е 4 бода зад вториот Мотор и дури девет зад водечкиот Монпеље. За да се надева на некаков пресврт Металург треба да слави следниот викенд кај Бешикташ, но сега веќе тој и не решава сам.

Оставете коментар