Мета побара истрага за „Диво Насеље“ од Македонија, а не меѓународна

Албанскиот претседател Илир Мета по денешиот прием кај својот македонски колега Ѓорге Иванов во Скопје побара Македонија на европски начин да го расчисти случајот „Диво Насеље“, не спомнувајќи меѓународна истрага како косовскиот државен врв.

„Се надевам, посакувам и охрабрувам следните фази од овој процес да бидат транспарентни и според сите европски стандарди. Се надевам дека македонските власти, особено судството, ќе бидат заинтересирани да покажат европски стандарди, со оглед на декларираната цел на Македонија за членство во ЕУ и во НАТО“, изјави Мета по средбата со Иванов.