Мехмети: Албанците не прифаќаат име за втора српска држава

Додека многу македонски граѓани протестираат, а стотици интелектуалци како и здруженија во дисјаспората гласно се противат на промена на името, албанското граѓанство во Македонија молчи, реагира професорот и претседател на Албанска културна заедница во Македонија, Абдула Мехмети.

– Глас кренаа стотици македонски интелектуалци, како и многу имиграциски организации за заштита на името на државата, додека повеќето Албанци, особено политичките партии, граѓанските општества, политичарите и интелектуалците, молчат за ова прашање. Името на Македонија, повеќе од било кој друг ги засега Албанците, бидејќи тие се единствениот автохтон народ во овие области, како и решението за името, оти тоа ја отсликува остојбата на Албанците, вели Мехмети.

Тој ги анализира сите предлози за ново уставвно име на Македонија, потсетувајќи дека одредниците Горна и Северна се од старт отфрлени заради тоа што и пречат на Бугарија. „Вардарска Македонија“ пак спооред него не и одговара на Албанија.

– Ново име со географска одредница како “Вардарска Македонија” е неприфатливо за Албанците од причини што оваа етикета им штети на националните интереси на Албанците и на Македонците, го повредува суверенитетот, и во извесна форма ја преобразува Македонија во втората српска држава, нагласува Мехмети.