„Евромонитор“ по десетти пат објави ранг листа на 100-те светски градови кои се најпосакувани дестинации за туристите. Во извештајот на 94 страници, стои констатацијата дека овие „градови не се само главние катализатори за раст на економијата и на туризмот, туку се и места каде се создаваат иновации, нови бизнис модели и нови компании“. Рангирањето се базира на податоци како што е бројот на меѓународни посети кои траат најмалку 24 часа.

На ранг листата не се најде ниту еден град од просторите на поранершна Југославија, па ни од Балканот.

Со 8.1 милиони посети Прага е единствениот град од Источна Европа кој влезе меѓу десетте најпосетувани во Европа каде водечки се Лондон и Париз.

Десет најпосетувани градови во светот се Хонг Конг (26.6 милиони посетители годишно), Бангкок (21.2 милиони), Лондон (19.2 милиони), Сингапур (16.6 милиони), Макао (15.4 милиони), Дубаи (14,9 милиони), Париз (14,4 милиони), Њујорк (12,7 милиони), Шенжен (12,6 милиони) и Куала Лумпур (12,3 милиони).

Оставете коментар