Loading...

Најскапиот тим во земјава, а според титулите во првенството од лани и од Купот годинава и најдобриот, се лизна на гостувањето кај новиот македонски кошаркарски прволигаш и тоа во ситуација во која се беше извесно и во која 99 насто од екипите лесно победуваат. Но Гостивар го шокира, го победи МЗТ Скопје со 67-64 во последниот меч од 17 рунда во нашата Прва лига и тоа откако Аеродромци имаа 18 разлика рано во втората четвртина (15-33) и предност од плус 15 поени на почетокот од последниот период (41-56).

И потоа како што само МЗТ знае, а сезонава тоа се повторуваше многу пати, и дома и во Јадранската лига, едноставно застана, а Гостивар преку ветеранот Димче Тасовски направи ретко виден камбек за триумф со кој дојде на само еден поен, на само една победа од трето и четвртопласираните на табелата, МЗТ и Куманово.

Најдобри поединци во мечот беа Тасовски со 23 поена и шест тројки, и Димчевски, Магдевски и Сегариќ со по девет, додека кај скопјани Крофорд и Лалиќ имаа 13 односно 12 коша.