Loading...

Македонскиот кошаркарски првак го доживеа најтешкиот пораз во сезоната и еден од најголемите во шестгодишното опстојување во регионалната лига. Во Подгорица кај Будуќност МЗТ Скопје загуби со 104-62. За бедното издание и 19. загубена средба во 22. кола виновна е индолентната игра на сите и отсуството на желба сините да се борат против изразито расположената и крајно мотивирана домашна екипа, на која, попладнево во Морача како од кош разликата да и зависеше некаков статус.
МЗТ Скопје прими 19 тројки и не можеше да парира, па по Олимпија (-31), Мега (-29) и Црвена Звезда (-34) денеска замрзна на -42 поена.
МЗТ Скопје е убедливо последен и според тоа треба да испадне од Јадранската кошаркарска конкуренција, но сега се појавуваат опции и во следната сезона да добие вајлд карта.