МЗТ Скопје го совлада Работнички со 76-67 во Кавадарци и по една година си го врати пехарот во своите витрини. Финалето на завршниот турнир беше добро, неизвесно, па и сосема квалитетно. МЗТ водеше во првите десет минути со осум, а во вторите со девет разлика, но и губеше во третата четвртина во неколку наврати со по три. Клучна за конечниот исход беше завршницата токму на тој дел кога МЗТ со тројки го сврте мечот, се одлепи на нови плус осум, по што Работнички кој денеска беше осетно ослабен не можеше да се врати. Најефикасни во дуелот на вечните кои по седми пат играа куп финале беа Трајковски со 18, Соколов со 17 и Стојановски со 15 кај победникот и Мираковски кај поразените со 24. МЗТ Скопје сега се изедначува со Работнички со по девет куп пехари. Што се однесува до инцидентот во кој беа вклучени навивачите на Фени и Работнички на почетокот на финалето само кусо: Штета што беше дозволено до него да дојде.