Познатиот грчки композитор ги го нападна „варварскиот“ – според него – обичај за христијанскиот празник Велигден да се печат јагниња.

„Варварскиот обичај за печење јагне на Велигден треба да престане“ напиша на својот блог Теодоракис кој е противник на суровоста кон животните, поттикнат од видео на кое се снимени грчки војници како мачат куче.

„Велигден повторно доаѓа. Деновите на масакрот на невини животни се приближуваат заради варварскиот (празник) што требаше да исчезне многу одамна“, вели Теодоракис и прашува „Што говори ова за нашето општество? Што друго освен општо распаѓање во сите аспекти!“

Микис Теодоракис (93) се смета за гуру на левичарската политика во Грција, а исто така е отворен критичар на обидите на грчката влада да го реши спорот со соседот со сложено име кое вклучува „Македонија“.