Милошоски го прозва Мицкоски: Време е за став, без страв!

Loading...

Пратеникот на ВМР)-ДПМНЕ , поранешен министер за надворешни работи и еден од потписниците на писмото против одржувањето на „избрзаниот“ партиски Конгрес на кој Христијан Мицкоски беше избран за претседател на партијата, денеска го прозва новиот лидер и побара водството на опозициската партија да престане „математички прецизно“ да тактизира во критиките на владините политики.

Антонио Милошоски, веројатно поттикнат од вчерашниот „жесток настап“ на Вадимир Милчин во емисијата „Само вистина“, денеска на својот Фејсбук профил напиша дека сега е „Време за став, без страв“ и да не дозволи „други да ја преземат улогата на опозицијата“.

„Со сите суштински идеолошки разлики со него како социјал-демократ и контраверзите од неговиот влог во режираната “шарена револуција”, сепак треба да се каже дека вчера Милчин јавно и без тактизирање ги фрли критиките што кон власта би требало да ги упати лидерот на опозицијата: за името и уцените, за Грција и уцените, за неверувањето во Заев и неговата уценетост, за немањето реформи, за неспособноста на Бујар и Садула, за фаличноста на законот за двојазичност, за можни протести на разочараните граѓани..  итн
Видовме дека лукаво и организирано ја превземаа власта. Сега, доколку Милчин и неговите истомисленици продолжат со категорични критики кон власта, а водството на ВМРО-ДПМНЕ сеуште “математички прецизно” тактизира, се плашам дека можат да ни ја превземат улогата и на опозиција.
Време е за став, без страв“, напиша Милошоски.