Милошоски: Има ли темелна анализа за Русија

Ексминистерот за надворешни работи Антонио Милошоски ја прашува владата и министерството за надворешни работи дали знаат зошто 7 членки на НАТО и 9 членки на ЕУ не ја следат Британија во протерување на дипломати од своите земји, што според него е ризичен дипломатски чекор.

“Се сомневам дека пред да ја донесат одлуката за протерување на 1 руски дипломат од Македонија @VladaMK и МНР Димитров не направиле темелна проценка зошто земји како
– Словенија, Грција, Бугарија, Луксембург, Словачка, Белгија и Португалија (ЕУ/НАТО членки) и Австрија, Ирска (ЕУ) не донеле иста таква ризична одлука”, прашува Милошоски на Твитер.

Македонија е единствена земја надвор од НАТО и ЕУ која влезе во дипломатска конфронтација со Русија што може да биде ризично со оглед на моќта на членката на Советот за безбедност на ОН но во исто време може да донесе значајни поени на патот кон ЕУ и НАТО.

3 Коментари

  1. Допрво ќе го кркаме од Русите, уште тие ни фалеа како непријатели кога сите се свртени против нас?

Comments are closed.