Милчин до Заев: Врати се дома и подели оставки пред да биде предоцна

Loading...

Врати се дома, Заев. Те чека многу работа која не е помалку непријатна од преговорите за името. Поранешниот прв човек на фондацијата Отворено општество Владимир Милчин во молбено-заповеднички манир бара од премиерот Зоран Заев да му ги остави преговорите за името на шефот на дипломатија Димитров и да се соочи со внатрешните проблеми, пред, како што вели, да биде предоцна.

„Ни Господ, ни поповите нема да помогнат во разрешувањето на натрупаните проблеми, ни во забрзувањето и усогласувањето на владината машина која свири како раштиман оркестар и предизвикува револт. Спушти се на земја пред да биде доцна и препушти му ја на Димитров одговорноста за надворешната политика.

Микроменаџирањето не е инструмент за премиер, како што тактиката не е инструмент за генералите. На генералите им прилега стратегијата. Време е да го преиспиташ функционирањето на функционерите во својата влада и партија. И не сметај на нивната совест и самокритичност. Побарај одговорност за грешките и побарај оставки. Ако тоа не е доволно, разреши ги. Не сите кои се крстат се верници и деца Божји. И потсети го Ахмети дека Македонија не е двоглава монархија каква што беше Австро-Унгарија!“ – пишува Милчин.