Министерка избега од лути бегалци во Данска(ВИДЕО)

Ингер Стојберг, министерка за имиграција, интеграција и домување, вчера го посети центарот за депортација во Sjaelsmark каде се сместени бегалци на кои не им е одобрен азил во Данска.
Министерот успеа да посети само едно семејство, за да се запознае со условите за лицата што живеат таму, пренесе телевизиската мрежа ДР која ја снимаше посетата.
Меѓутоа, таа се најде опкружена со толпа лути бегалци кои се обиделе да ја спречат да го напушти објектот. Според новинарот Мартин Торп, кој бил присутен на местото на настанот, имало околу 40 лица.
Кога конечно успеа да влезе во нејзиниот автомобил, една жена, која беше видно вознемирена, се фрли на хаубата на возилото.
Но, автомобилот продолжи да се движи и успеа да ја ја исфрли жената, која „можеби била малку повредена“, коментира новинарот.

1 Коментар

Оставете коментар