Министерот за администрација зажали што објасни за МТВ

Сакам да се обратам во однос на бројните коментари за избор на директор на МРТВ, напиша министерот за јавна администрација Дамјан Манчевски на фејсбук во обид да се оправда за изборот на старо новиот директор со старите кадри на ВМРО – ДПМНЕ во оваа институција.

“Ова е избор е на програмскиот совет на МРТВ кој сеуште функционира во стариот состав. Граѓаните добро знаат кој членува во тој стар состав, на кој начин работеше и под чии влијанија и како е направен овој избор. МРТВ во изминатиот период работеше непрофесионално и известуваше пристрасно и неизбалансирано. Потврда за тоа се негативните оценки во сите релевантни домашни и меѓународни извештаи. МРТВ се соочува и со големи долгови кои се таложеле со години.

Веднаш по усвојување на новиот Закон за аудио и аудио визуелни услуги ќе се овозможи избор на професионални, непартиски, нови членови на совет и раководни кадри и во МРТВ. Мандатот на сегашните членови на советот ќе заврши со усвојувањето на овој закон. Законот ќе биде усвоен на следната седница на Влада. Со тоа ќе заврши оваа пракса на нетранспарентност и ќе овоможи целосна професионализација и департизација на МРТВ.

Овој закон е резултат на широк консултативен процес и дебата која се водеше со години. Беа консултирани и вклучени сите заинтересирани страни. Законот доби и позитивни оценки и од ОБСЕ. Немам илузии дека овој закон ќе ги реши сите проблеми во медиумите. Никој не треба да има. Но, овој закон претставува добра основа. Ни дава шанса да свртиме нова страна. Да им ги оставиме медиумите на медиумските работници. Да се тргнат политичките влијанија. Нема да е лесно. Ама ништо до сега не било. Верувам дека ќе успееме”, вели Манчевски кој по добиените коментари меѓу кои имаше и од свои сопартијци веќе не одговори.