Loading...

Неколку часа по оставката на неговата сопруга, заменик-министеркката за труд, Ранија Антонопулу, утрово неотповиклива оставка поднесе и министерот за економија на Грција, Димитрис Пападимитриу.

Причина за оставките на министерскиот пар во владата на Алексис Ципрас се критиките во јавноста откако весникот „Free press“ во саботата обелодени дека министерката Антонопулу и покрај огромното богатство, на име на трошоци за изнајмување стан во Атина, две и пол години добивала по 1.000 евра месечно.

Реакцијата беше огромна, бидејќи Ранија Антонопулу и нејзиниот сопруг, министерот за економија, Димитрис Пападимитриу, се најбогатата двојка во владата.

Годишниот прихот на министерката е 70.000 евра, им акции во вредност од околу 300.000 американски долари и депозити над 250.000 американски долари.

Во ист време, сопругот и министер за економија, Пападимитриу, е тежок 2,7 милиони долари (Акции, депозити) и годишен приход од 453.429 долари (податок од 2015) пред да стане министер).

Покрај ова, двојката има стан од 110 квадратни метри во САД и вила на Сирос од 300 квадрати изградена на парцела од 4.950 квадратни метри со базен од 80 квадрати.

Ранија Антонопулу и нејзиниот партнер Димитрис Пападимитриу, живеат во престижниот атински кварт Глифада.

Но, тие изнајмувале друг стан за да бидат поблиску до центарот на градот за кој министерката Антонопулу добивала по 1.000 евра месечно од нејзиното министерство.