Мис Индија – од тинејџерски каприци до страшна дијагноза

Британи Винчестер, девојката која пред два дена ја претставуваше Индијана на изборот „Мис САД“, ја раскажа својата приказна и отворено зборуваше за ракот на кожа, целејќи да ја подигне свеста за опасностите од користењето солариум.

За Cosmopolitan, 27-годишната убавица призна дека нејзината желба да има темен тен и посетувањето на солариум уште од тинејџерските години, довело до страшната дијагноза.

„Сончањето“ во солариумот предизвикало на Британи на 25-годишна возраст да ѝ биде дијагностициран карцином на базални клетки на стомакот и на грбот.

Винчестер за првпат отишла на солариум пред нејзината матурска вечер. „Сакав да бидам потемна. Па започнав да користам солариум и ми се допадна. Тоа беше најрелаксирачкиот момент од мојот живот. Беше топло и комфорно и стигнав до момент кога можев дури и да дремнам внатре. Обожавав како изгледав“ – вели таа.

Британи тврди дека темниот тен ѝ ја зголемил самодовербата. „Како тинејџер, изгледот ти е многу важен. Тоа е време кога најмногу си загрижен за тоа што луѓето мислат за тебе и како изгледаш однадвор. Одев во солариум секој ден, максимално што ми беше дозволено“ – додала таа.