Мис САД или мис ,,smart” ?

Loading...

Кара Мек Кала е новата Мис САД. 25-годишната девојка беше крунисана синоќа од минатогодишната победничка Дешана Барбер. Освен со својата убавина, Кара го одушеви жирито и со својот интелектуални способности, а продуцентите ја нарекоа „една од најинтелигентните натпреварувачки“. Атрактивната девојка студирала нуклеарна хемија, а моментално работи во Американската нуклеарна регулаторна комисија.

„Екстремно сум благодарна за оваа можност. Сакам да охрабрам многу жени да ја пронајдат својата страст во која било сфера и да сфатат дека ништо не е тешко ако навистина работиш посветено“ – рекла таа.