Loading...

Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски беше една од ретките светли точки во дебаклот против Шпанија, одбранувајќи 14 удари за нецели 29 минути во второто полувреме, со успешност од дури 47 проценти.

„Многу лошо го отворивме натпреварот, имавме многу загубени топки, кои противникот ги претвори во лесни голови. Во вториот дел заигравме подобро, но сè беше попусто, бидејќи разликата беше преголема. Мораме да бидеме многу пофокусирани за следниот натпревар, да бидеме мирни, психолошки подобро да се подготвиме и да влеземе во дуелот со Чешка како на средбите од Загреб“, изјави вториот чувар на македонската мрежа.

И стартерот Борко Ристовски е заслужен што Шпанците не забележаа уште повисок триумф, одбранувајќи седум удари во првиот дел.

На спротивната страна Гонзало Перез де Варгас стоеше на голот целиот натпревар и притоа оствари 18 одбрани, запирајќи 49 отсто од упатените удари.