Мицкоски оди на координација со Заев и Ахмети

Loading...

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на координацијата околу процесот на преговори во врска со проблемот кој што Република Грција го има со името на Република Македонија.

Дел од медиумите од партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ дознаваат дека пристигнала покана до партијата и партиска делегација ќе учествува на разговорите закажани во сабота, на кои ќе присуствува и претседателот Ѓорге Иванов.

Покрај лидерот на опозцијата Мицкоски на состанокот ќе бидат лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ досега постојано се жалеше дека опозицијата е целосно исклучена од процесот на разговори и нема никакви релевантни информации околу текот на разговорите.