Мицотакис: името треба да ги реши сите три аспекти на проблемот

Лидерот на опозициската Неа Демократија, Киријакос Мицотакис, изјави дека новото име на, како што ја нарекува, поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ) треба да ги реши сите три аспекти на спорот.

„Секое решение кое се дискутира околу ова прашање треба да ги вклучи сите аспекти на овој голем проблем“, рече тој, потсетувајќи на „црвените линии“ што ги постави поранешната влада на НД на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

„Не е само името – тоа е едно од трите прашања. Втората е,  употребата на името, она што го нарекуваме erga omnes. Трето е прашањето за иредентизмот и неприфатливи тврдења изразени преку мапи, статуи, имиња и обид за киднапирање на нашата историја и историското наследство на Македонија. Ова не може да се прифати“, вели Мицотакис.