Додека владини претставници ги отфрлaат шпекулации за расцеп во коалицијата помеѓу левичарскиот премиер Алексис Ципрас и неговиот десничарски коалициски партнер Панос Каменос, лидерот на конзервативната опозициска партија Неа демократија, Киријакос Мицотакис, денес предочи дека разликите меѓу двете страни ја поткопуваат коалицијата .

„Очигледно е дека нешто се случува помеѓу Ципрас и Каменос“, им рекол Мицотакис на неговите министри во сенка. „Едниот го држи другиот, едниот е заложник на другиот, рекол тој, додавајќи дека „и двајцата ја држат земјата како заложник“.

„Левицата на Ципрас не знае што прави десницата на Каменос“, рече тој.

„Тие не се доволно добри, а кога зборуваме за прашања од национално значење, тоа – не е доволно добр – значи опасно“, додаде тој.