Мицотакис ја искара Меркел за „македонски“

Loading...

„Не е од помош“ изборот на германската канцеларка Ангела Меркел да го нарекува „македонски“ премиерот на Македонија, Зоран Заев, на средбата што ја имаа во Берлин.

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, во интервју за грчки медиум вели дека во сегашните услови кога се бара решавање на спорот за името, термините „Македонија“ и „македонски“ треба да се избегнуваат.

Причината е што според лидерот на грчката опозиција постои голема чувствителност кај дел од луѓето. Мицотакис вели дека прашањето за “Скопје” има широк патриотски сензибилитет во Грција, нешто што никој не може да го игнорира.

Неа демократија во моментов води на анкетите со десетина проценти предност пред Сириза на Ципрас.