Мицотакис: Ако не го сменат Уставот, нема што да разговараме

Loading...

Лидерот на Неа демократија, го обвини премиерот Алексис Ципрас дека продолжува да се повлекува од националните интереси и дека ги поделил луѓето околу прашањето за името со северниот сосед, пишува „Катимерини“.

Запрашан да ги коментира разговорите околу прашањето за името на „Скопје“ ,  Кирјакос Мицотакис вели:

„Ако не го менуваат нивниот устав, нема што да разговараме понатаму, не се согласуваме за решение, но господинот Ципрас не го стори тоа, додека господинот Заев вели ‘Јас немам намера да го променам уставот’“.

Мицотакис вели дека Ципрас продолжувал со барање решение на рати.

„Тој дава с’е, купува на рати, односно да се согласи за името, а потоа и Скопје да преземе некои обврски“.

Ние велиме ‘не’ на тоа,  вели претседателот и додава дека „Решението на Ципрас не им служи на националните интереси’… ајде да видиме каде ја води земјата“.

Коментирајќи ја одлуката на германската канцеларка Ангела Меркел да го покани македонскиот премиер Зоран Заев на средба во Берлин, тој истакна дека „тоа не било корисно“.

Мицотакис појасни дека во сегашниот контекст треба да се избегнува употребата на термините „Македонија“ и „Македонец“ во обраќањето кон ПЈРМ, бидејќи преговорите се с’е уште во тек.

„Грците се особено чувствителни во однос на нивниот национален идентитет: сите Грци, а не само Македонците. И голема грешка на Ципрас е тоа што тој, исто така, ги подели луѓето околу ова прашање“.

Според него, оживувањето на разговорите за Скопје покажа дека во Грција постои голема патриотска чувствителност и дека никој не може да го игнорира тоа.

1 Коментар

  1. Наскоро ќе бидете поканети од нов трибунал за злосторства врз човештвото!
    Македонците се наследници на македонската цивилизација, а вие ќе морате да одговарате за злосторство врз Македонците!

Comments are closed.