Македонско културно-уметничко друштво „Илинден“ од Сиднеј со перформанс го најавува протестот за одбрана на името на татковината и на македонскиот идентитет, закажан за в недела, 4 март, од 10 часот по локално време пред Градската куќа.

„Придружи ни се пред да биде предоцна“ е пораката од видеото постирано на Фејсбук-профилот „We are Macedonian“.

„Не седете мирно и да стекнете безличен идентитет. Македонците мора да се обединат за да ги одбранат своите основни човекови права на самоопределување и самоидентификација. Македонските протести за човекови права ќе се одржат во Сиднеј, Мелбурн, Перт и Бризбејн в недела, 4 март 2018 година. Во името на сите нас, големо благодарам на македонските девојки од МКУД „Илинден“ – Сиднеј. Тие стојат горди и знаат кои се. ДАЛИ И ТИ?“, стои во прогласот за најавените протести на Македонците во четири градови во Австралија како дел од глобалното движење „Ние сме Македонија. Доста беше“.

SHARE