Нашата селекција до 19 години во Скопје попладнево ја победи и Белгија со 2-1, го обезбеди првото место во петтата квалификациска група и се пласира меѓу 28 најдобри репрезентации во оваа категорија во Европа. Сценариото и резултатот беа идентични како и во првиот меч со Швајцарија пред три дена. Белгијците поведоа преку Фулон, ние на средина од првиот дел изедначивме со гол на Елмас, а триумфот ни го донесе Атанасов од пенал. За три дена играме со Лихтенштајн, но јасно е дека сме први на турнирот.

Оставете коментар