Македонската машка ракометна селекција составена од играчи до 21 година денеска ќе ги започне подготовките за настапот на Светското младинско првенство во Алжир. Собирот е во Скопје, но тие во првиот дел ќе се одвиваат во Маврово, каде ќе одат 19 ракометари, а меѓу нив и капитенот Филип Талевски кој е спорен за игра во Алжир поради неговиот клуб Рајн Некар Левен кој се уште не дал дозвола бекот да настапи на Светското првенство и побара на 19. јули тој да се појави на собирот на играчите на новиот германски првак.

Светското првенство во Алжир се одржува од 18 до 30 јули, а ние сме во група со Шпанија, Русија, Тунис, Бразил и со Буркина Фасо.