Поп кралицата неодамна раскина со моделот Абубакар Сумахор, но на Мадона не и трбаше многу време за да најде друг дечко и повторно модел. Кевин Сампаи е момче кое потекнува од Португалија, а тој и Мадона се запознале на снимањето на спотот за песната “I’m Madonna Bitch” во 2015. година. Двојката моментно е во Лисабон, но не се појавува многу во јавноста бидејќи Мадона и претходно не се појавувала јавно со момчињата се додека не била сигурна во врската.

Кевин има 31. година и е пет години повозрасен од Абубакар, па низ социјалните мрежи постои шега дека Мадона влегува во зрела фаза при изборот на момци. Таа инаку наполни 58 години.


Мадона предходно беше во брак со британскиот режисер Гај Ричи од 2000. до 2008. година кога се разведоа, а од таа заедница тие заедно го имаат синот Роко.

SHARE