МНР на Русија без коментар за ситуацијата во Македонија по апсењата

Министерството за надворешни работи на Русија засега нема коментар за масовните апсења во Македонија минатата недела за настаните во Собранието на 27 април.

„Во врска со тоа немам никаква реакција. Можам да проверам со експертите. Ако има нешто, ќе ве известам“, рече портпаролката Марија Захарова на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на барањето на новинар: „Ве молиме да ја прокоментирате ситуацијата во Македонија, каде што на крајот од минатата недела имаше апсења на претставници на опозицијата кои учествуваа во организирање митинзи против НАТО во април оваа година. Всушност, тие беа уапсени за вмешаност во инцидентот во парламентот“.

Оставете коментар